Наместо да се бори со идеи, проекти, планови и предлози за економски развој, подобар социјален статус и благосостојба, среќа и светла иднина на граѓаните во Тетово и воопшто во цела Македонија, Касами продолжува да разочарува со своите незрели и националистички ставови, постапки и изјави кои му станаа рутина. Очигледно ќе продолжи намерно или ненамерно со безидејни и безобразни изјави, со цел повредување на чувствата на Македонците и граѓаните на останатите националности и народности во Македонија, бидејќи институциите не реагираа кога во Тетово се симна Македонското државно знаме од јарболот и се замени со знаме на друга држава. Ваквото однесување станува алармантно и опасно дури и за политичар кој само сака да води политичка кампања со подгревање националистички чувствува! Институциите мора да реагираат во интерес на граѓаните и Македонија!