Десница е против уставни измени кои се во интерес само на злонамерници и страни кои не ја сакаат Македонија и нејзиниот напредок, па можеби и опстанок!
Во случајов со принудно формирање на т.н ,,експертска комисија,, со партиски платеници и полтрони, а без експерти по уставно право, е само покажување сила и ароганција од страна на власта, спротивно на желбите и ставот на македонските граѓани кои секојдневно даваат до знаење дека се против овие уставни измени. Oваа комисија нема мандат и не смее да отпочне да работи, а особено не на штета на Македонија и македонските граѓани.
Десница смета дека единствено решение за напредокот на Македонија се брзи предвремени парламентарни избори, по изменет изборен модел. Па така партиите кои ќе добијат доверба од мнозинството граѓани, а под услов во своите изборни програми да имале ставено промена на Устав со опбразложение во кои случаеви и за чии интереси би биле тие измени, би имале мандат од граѓаните во Собранието да отпочнат законска постапка. Се друго претставува упад во независноста и сувереноста на Македонија и непријателски чин, овој пат со пенкало.
Промената на Уставот нема да ја внесе Македонија во ЕУ, туку ќе отвори нови проблеми и прашања кои ќе го загрозат македонскиот идентитет и суверенитет (што се покажа и во минатото, а и денес). ЕУ (во името на една нејзина членка) побара промена на името како единствен услов за влез во ЕУ, но денес сме сведоци на нови барања за туѓи интереси, повторно во името на ЕУ и во наводна ,,корист,, на Македонија и Македонците. Ова е само доказ дека нема крај на барањата и условите кои само се штетни за нас Македонците, ниту пак гаранција дека нема да има нови, се до исчезнување на се што содржи збор ,,Македонија, Македонско и сл.".