Десница бара Владата да ја објави трасата на коридорите 8 и 10, односно катастарските парцели кои треба да бидат платени од парите на народот, па да се види колку вредат имотите по кои ќе се градат коридорите?
Не е јасно е како е дојдено до вредноста за изградба на коридорите 8 и 10, а за истото од Владата рекоа дека се уште нема проекти, односно многу работи не биле дефинирани?
Десница смета дека Владата треба јавно да го објави договорот бидејќи со тоа не се загрозува безбедноста на државата, туку напротив со негово криење се загрозуваат јавните финансии, односно парите на граѓаните и интересите на државата. Доколку не го објави јавно, увид во потпишаниот договор треба да имаат сите пратеници кои ќе ги гласаат неуставните и дискриминаторски измени на законите - а не само тие со безбедносен сертификат. Во спротивно пратениците значи гласаат по наредба, а не по свое убедување и во интерес на граѓаните. Увид треба да има и Синдикатот, кој ги штити работничките права и со кој е постигнат договор работната недела да трае 40 часа, а недела да биде ден за одмор. Прекувременото работно време без неделен и годишен одмор е противуставно , бидејќи од овие права работникот не може да се откаже.
Владата јасно да каже дали и колку пари ќе плаќа за секој ден доцнење со изградбата на Коридорите 8 и 10 поради работи за кои Владата се согласила во договорот од ,,нејасни причини" а ни колку државата ќе ја чини и недонесувањето на нелогичните и неуставни законските измени без кои конзорциумот Бехтел и Енка не смеат да почнат да градат!?
Од друга страна, кои се обврските на изведувачот на работите доколку го помине рокот за изградба, доколку не постапува по поставените стандарди и не обезбеди квалитетна изградба, доколку не се придржува до законските права на работниците и сл.? Постојат ли пенали и за изведувачот, или само за државата, односно граѓаните?