protest penzioneriЗа една нето функционерска плата од 200.000 денари, потребни се придонеси од 20 работници во приватниот сектор на минималец, вели Билјана Јовановска, поранешна директорка на ПИОМ. Зголемувањето на функционерските плати ја откочи спиралата на незадоволство. Можно ли е зголемување за сите пензионери?

„Ако има за вас, треба да има и за нас“, беше еден од транспарентите на револтираните и разочарани пензионери, на протестот пред Владата на 20 септември – Меѓународниот ден на пензионерите.

Оттогаш поминаа уште 20 дена, во кои за пензионерите ништо не се смени во однос на нивните барања до власта. Ниту добија линеарно покачување од по 3.500 денари за сите (57 евра), ниту добија минимална пензија од 18.000 денари (293 евра).

Добија само ветување дека ќе влезат во нов „пакет“ за помош што го токми државата. Кога и како – уште не се знае.

Целиот текст на Радио Слободна Европа