Зошто некому му пречи житното класје, афионот и тутуновиот лист на грбот? Затоа што ја отсликуваат богатата, плодната македонска почва, разновидноста на економијата и вредниот македонски народ?
Владта очигледно смета дека повеќе ги немаме овие работи, односно не планира да се посвети на економијата, на земјоделието и на среќата на народот!?
На грбот се и симболите на единството на сите делови на Македонија и идеалот на македонскиот народ за национално обединување. Но дали на партиите на власт тоа нешто им значи?!