Десница е против уставни измени кои се во интерес само на злонамерници и страни кои не ја сакаат Македонија и нејзиниот напредок, па можеби и опстанок!
Во случајов со принудно формирање на т.н ,,експертска комисија,, со партиски платеници и полтрони, а без експерти по уставно право, е само покажување сила и ароганција од страна на власта, спротивно на желбите и ставот на македонските граѓани кои секојдневно даваат до знаење дека се против овие уставни измени. Oваа комисија нема мандат и не смее да отпочне да работи, а особено не на штета на Македонија и македонските граѓани.
Десница смета дека единствено решение за напредокот на Македонија се брзи предвремени парламентарни избори, по изменет изборен модел. Па така партиите кои ќе добијат доверба од мнозинството граѓани, а под услов во своите изборни програми да имале ставено промена на Устав со опбразложение во кои случаеви и за чии интереси би биле тие измени, би имале мандат од граѓаните во Собранието да отпочнат законска постапка. Се друго претставува упад во независноста и сувереноста на Македонија и непријателски чин, овој пат со пенкало.
Промената на Уставот нема да ја внесе Македонија во ЕУ, туку ќе отвори нови проблеми и прашања кои ќе го загрозат македонскиот идентитет и суверенитет (што се покажа и во минатото, а и денес). ЕУ (во името на една нејзина членка) побара промена на името како единствен услов за влез во ЕУ, но денес сме сведоци на нови барања за туѓи интереси, повторно во името на ЕУ и во наводна ,,корист,, на Македонија и Македонците. Ова е само доказ дека нема крај на барањата и условите кои само се штетни за нас Македонците, ниту пак гаранција дека нема да има нови, се до исчезнување на се што содржи збор ,,Македонија, Македонско и сл.".
Наместо да се бори со идеи, проекти, планови и предлози за економски развој, подобар социјален статус и благосостојба, среќа и светла иднина на граѓаните во Тетово и воопшто во цела Македонија, Касами продолжува да разочарува со своите незрели и националистички ставови, постапки и изјави кои му станаа рутина. Очигледно ќе продолжи намерно или ненамерно со безидејни и безобразни изјави, со цел повредување на чувствата на Македонците и граѓаните на останатите националности и народности во Македонија, бидејќи институциите не реагираа кога во Тетово се симна Македонското државно знаме од јарболот и се замени со знаме на друга држава. Ваквото однесување станува алармантно и опасно дури и за политичар кој само сака да води политичка кампања со подгревање националистички чувствува! Институциите мора да реагираат во интерес на граѓаните и Македонија!
"Господе еве ти вино и ракија, а ти дај ни убаво и квалитетно грозје да јадеме и богат род вино и ракија да правиме. Бериќетна да ни е годината, да тежи од род!"
Десница го одбележа денешниот празник со посета на манастирот Свети Трифун во скопско Говрлево и закројување лози во Горно Соње.
За многу години Свети Трифун!
Десница изразува длабоко жалење за загубените животи во катастрофалната несреќа што утрово ја погоди Република Турција. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на починатите. Лесно и брзо закрепнување им посакуваме на повредените.
Нема зборови кои би дале утеха за оваа несреќа и страдање. Да не се повтори!
 
 

Пред точно 80 години на 11 март 7.144 македонски Евреи од тогашната бугарска војска сојузник на фашистичкиот окупатор, биле депортирани во логорот на смртта Треблинка во Полска и ниту еден од нив за жал не преживеал. Со длабока почит кон македонските Евреи жртви на овој суров и нечовечен чин, Претседателката на Десница, Билјана Јовановска со делегација, положија свежо цвеќе и камчиња на споменикот изграден во поранешен скопски Монопол, подоцна Тутунски комбинат. Ова било местото на злосторот од каде 7.144 македонските Евреи, деца, жени, мажи од Скопје, Битола и Штип биле качени во вагони и испратени во сурова смрт. Извршениот геноцид на околу 6 милиони Евреи за време на втората светска војна треба да остане врежан во колективната меморија како нешто што не смее никогаш и никаде да се повтори, ниту да се заборави. Но дали човештвото извлече поука од ова, дали светот стана подобро место за живеење, или истото се повторува само на поинаков начин, во поинакви форми ?!