Менталното здравје е нешто што се однесува на сите нас. Тоа не се изразува само во случај на сериозни дијагнози или ментални болести, туку се однесува на начинот на кој се справуваме со стресот, како се однесуваме кон себе и кон другите, и како ги управуваме емоциите.
Во денешното брзо течење на животот, често пати пропуштаме да се погрижиме за нашето ментално здравје. Стресот и депресијата имаат долгорочни последици ако не се надвладеат. Затоа, Светскиот ден на менталното здравје ни припомнува дека мораме да го негуваме и одржуваме нашето ментално здравје како што го правиме со нашето физичко здравје.
Еден од најважните начини да се грижиме за нашето ментално здравје е да разговараме за него. Слушањето и разговарањето со другите, но и со себе, може да помогне да се разберат и лекуваат многу од проблемите со кои се соочуваме. Треба да сме отворени за да ги прекуцаме стигмите поврзани со менталното здравје и да се обидеме да создадеме околина каде што секој може да се чувствува поддржан и разбран.
Светскиот ден на менталното здравје се одбележува на 10-ти октомври секоја година и претставува важен повод да се подигне свеста и вниманието кон психичкото здравје, како и да се размислува повеќе за превенција и помош на лицата кои се соочуваат со психички проблеми.
На Светскиот ден на менталното здравје, даваме можност за образование и разговор за значењето на менталното здравје, како и за достапноста на услуги за психичка помош. Паметете, вашето ментално здравје е важно и ја заслужува вашата поддршка и грижа секој ден.
За една нето функционерска плата од 200.000 денари, потребни се придонеси од 20 работници во приватниот сектор на минималец, вели Билјана Јовановска, поранешна директорка на ПИОМ. Зголемувањето на функционерските плати ја откочи спиралата на незадоволство. Можно ли е зголемување за сите пензионери?
„Ако има за вас, треба да има и за нас“, беше еден од транспарентите на револтираните и разочарани пензионери, на протестот пред Владата на 20 септември – Меѓународниот ден на пензионерите.
Оттогаш поминаа уште 20 дена, во кои за пензионерите ништо не се смени во однос на нивните барања до власта. Ниту добија линеарно покачување од по 3.500 денари за сите (57 евра), ниту добија минимална пензија од 18.000 денари (293 евра).
Добија само ветување дека ќе влезат во нов „пакет“ за помош што го токми државата. Кога и како – уште не се знае.
Целиот текст на Радио Слободна Европа
Триесет и две години независност, но и толку години неизвесност!
А дали само на празници те величиме и како тој ден само да те сакаме?!
Вечна да си татковино!
На 1ви септември во минатото секој дом, секоја училница мирисаше на нови книги, нов прибор, нови ранци. Возбудени ученици, горди родители, среќни наставници беа одлика за времето кога знаењето беше важно во Македонија.
Сега кога државата ја превзема (НЕ)ГРИЖАТА за бесплатни учебници, учебници нема, освен прастарите искинати и неупотребливи!
Бидејќи МОН и Владата не можат да обезбедат бесплатно и безгрижно школство, а да не останат децата без образование и знаење, Десница бара Владата и МОН или комплет учебниците редовно да ги доставува до учениците (со почетокот на учебната година) или ако не може, нека признае дека образованието ни е далеку од бесплатно и квалитетно.
Десница бараа Владата да применува европски практики, да го намали бројот на часови за да имаат простор за спорт и други активности ( четири дена по 7 часа и еден ден 6 часа), повисоки плати за наставниот кадар, како и да обезбеди месечен надомест во висина од 3000 денари за секој ученик!
Драги пензионери,
Вие заслужувате достоинствен живот затоа што други генерации живееа достоинствено благодарение токму на вас. Вие поминавте тешки моменти и неизвесност низ вашиот животен работен век. Но бевте силни и позитивни и продолживте да давате за системот, за државата, за фондовите. Заслужувате пензии кои ги заработивте чесно и со голем труд и жртва. Одмор, викенд, бања, здравствена заштита, социјални дружења се работи кои треба да ги имате. Не се откажувајте од правото на пензии кои се достоинствени на вас и вашиот живот. Десница ве подржува во вашите барања!Посакуваме да си дочекате длабока старост во добро здравје!
Нека ви е честит денот на пензионерите!