
Случувањата кои претставуваа непосреден упад во работата на седницата на Судскиот совет од страна на Заменикот претседател на Судскиот советот со арогантно и недолично однесување, во моментот кога Претседателот на Судскиот советот претседаваше со седницата, дали само ја покажа поличиката моќ на ДУИ, а немоќта на СДСМ во коалицијата, особено што во неколку моменти се покажа дека Претседателката е од нивни редови? Дали досега на секој можен начин ДУИ покажуваше дека ја има надмоќта во владината коалиција, во извршната власт, а по последните случувања во Судскиот совет покажа дека ја има моќта и во третата, судската власт? Дали да очекуваме на некоја седница на Влада, првиот Вицепремиер да го разреши Премиерот, а СДСМ да даде легитимитет на истото? ДЕСНИЦА смета дека овој состав на Судски совет го изгуби легитимитетот и довербата и затоа е потребно да се направи избор на целосно нов Судски совет со искусни, стручни и политички независни членови, а не да бира нов претседател! Откако се виде дното до кое е стигнато работењето на највисокиот судски орган и власта успeaа столбот на една држава-правдата, третата власт да ја стави на колена, ДЕСНИЦА се залага за итни промени во судството, сметано од највисокиот орган во судството, па се до судиите кои вршат правораздавање во судовите. На судството да му се даде целосна финансиска, а преку тоа целосна независност како трета власт и да се врати довербата кај граѓаните!

Не е јасно е како е дојдено до вредноста за изградба на коридорите 8 и 10, а за истото од Владата рекоа дека се уште нема проекти, односно многу работи не биле дефинирани?
Десница смета дека Владата треба јавно да го објави договорот бидејќи со тоа не се загрозува безбедноста на државата, туку напротив со негово криење се загрозуваат јавните финансии, односно парите на граѓаните и интересите на државата. Доколку не го објави јавно, увид во потпишаниот договор треба да имаат сите пратеници кои ќе ги гласаат неуставните и дискриминаторски измени на законите - а не само тие со безбедносен сертификат. Во спротивно пратениците значи гласаат по наредба, а не по свое убедување и во интерес на граѓаните. Увид треба да има и Синдикатот, кој ги штити работничките права и со кој е постигнат договор работната недела да трае 40 часа, а недела да биде ден за одмор. Прекувременото работно време без неделен и годишен одмор е противуставно , бидејќи од овие права работникот не може да се откаже.
Владата јасно да каже дали и колку пари ќе плаќа за секој ден доцнење со изградбата на Коридорите 8 и 10 поради работи за кои Владата се согласила во договорот од ,,нејасни причини" а ни колку државата ќе ја чини и недонесувањето на нелогичните и неуставни законските измени без кои конзорциумот Бехтел и Енка не смеат да почнат да градат!?
Од друга страна, кои се обврските на изведувачот на работите доколку го помине рокот за изградба, доколку не постапува по поставените стандарди и не обезбеди квалитетна изградба, доколку не се придржува до законските права на работниците и сл.? Постојат ли пенали и за изведувачот, или само за државата, односно граѓаните?

Пред точно 80 години на 11 март 7.144 македонски Евреи од тогашната бугарска војска сојузник на фашистичкиот окупатор, биле депортирани во логорот на смртта Треблинка во Полска и ниту еден од нив за жал не преживеал. Со длабока почит кон македонските Евреи жртви на овој суров и нечовечен чин, Претседателката на Десница, Билјана Јовановска со делегација, положија свежо цвеќе и камчиња на споменикот изграден во поранешен скопски Монопол, подоцна Тутунски комбинат. Ова било местото на злосторот од каде 7.144 македонските Евреи, деца, жени, мажи од Скопје, Битола и Штип биле качени во вагони и испратени во сурова смрт. Извршениот геноцид на околу 6 милиони Евреи за време на втората светска војна треба да остане врежан во колективната меморија како нешто што не смее никогаш и никаде да се повтори, ниту да се заборави. Но дали човештвото извлече поука од ова, дали светот стана подобро место за живеење, или истото се повторува само на поинаков начин, во поинакви форми ?!
