Среќна Нова Година
Почитувани,
Иако годината што изминува за многумина не беше лесна и за паметење, но верувам дека со заеднички напори можеме во 2025 да создадеме посветла и просперитетна иднина. Македонскиот благослов лежи во вербата дека промените на подобро се реални и возможни. Вие сте носители на стабилност и прогрес кои и се потребни на Македонија.
Вашата енергија, креативност и одлучност се клучни за напредок и благосостојба.
Затоа во годината што доаѓа, посакувам:
Да бидете здрави и сакани!
Да бидете храбри и упорни
и да ги остварите вашите цели и амбиции!
Да бидете активни граѓани и да придонесувате за подобрување на вашите заедници и општеството!
Ве повикувам во новата година да негуваме поголемо разбирање и емпатија едни кон други!
Во мое и во име на Десница ви посакувам 2025 да биде година исполнета со нови можности и големи успеси!
Имајте среќна и бериќетна Нова година!
Новогодишно дружење со најмладите
Претседателката на Десница м-р Билјана Јовановска се дружеше со најмладите и ги одбележаа Новогодишните и Божикните празници.
Среќен божиќ
Среќен Божиќ на сите верници кои денес го слават Христовото раѓање!
Раководството и членството на Десница ви посакуваат добро здравје, мир и благосостојба!