И со денешните десет гласови „за“ и седум „против“ на Собраниската Комисија за уставни прашања која го изгласа натамошното разгледување на предлогот за уставни измени, власта по кој знае кој пат покажува сила и непочитување на мислењето и ставот на мнозинството на македонски граѓани кои се против ваквите уставни измени.
Овој собраниски состав нема мандат од граѓаните за промена на Уставот, па затоа на Македонија итно и се потребни предвремени парламентарни избори каде партиите во своите изборни програми треба да стават дали, кога, во кој дел и зошто би го менувале Уставот?!
Со уставните измени, кои сега се туркаат насилно, само ќе се отворат нови прашања, а досегашните проблеми ќе се продлабочат. Во ЕУ не влегуваме поради неуспешните и несериозни владини политики и ,,битки“ со криминал и корупција, а не поради барањата на Бугарија!
Десница смета дека членството во ЕУ е во интерес на Македонија, но не по цена на туѓи интереси и уцени, а на наша штета. А прашање е и дали ЕУ сака Македонија да стане дел од нејзиното семејство?!
Десница, и покрај тоа што не е дел од Собранието, останува категорично против било какво менување на Уставот на Македонија во насока на нанесување огромна штета