Вeтуваш една милијарда, ама не кажуваш дека е кредит и те гласаат. Па си можел и пет да ветиш, да си земаш кредит и со право викаш ми дадоа доверба за ова. А тоа што си го земаш кредитот во четири очи е втор момент. Ама пак си е ок, народ не се буни, ок им е на сите, зошто ако не беше потаман ќе имаше протести пред Собрание нели, барем додека си аминуваат самоволие со Закон по можност во скратена постспка . А згора на се извршна власт зема кредит да покрие неработење на неспособни градоначалници и за поткупување за локални избори?!

Претседателката м-р Билјана Јовановска присуствуваше на церемонијата по повод празникот Богојавление-Водици во Долно Лисиче во Комплекс Езеро Јасика и на Далибор му подари филигран крст од Тасто филиграни по повод фаќање на благословениот крст. На него и на сите православни христијани им го честитаме и овој голем празник!
Бог се јави !
Навистина се јави!
 
 
    

Јавната администрација отсекогаш била цел на негативни критики како од надлежните, така и од јавноста. И секогаш се зборува за проекти за поефикасна јавна администрација, кои и даваат резултати, но невидливи или слабо видливи за јавноста. И додека едни говорат дека таа е многубројна, други дека е неефикасна, реалноста е дека и таму има квалитетни кадри, кои со својата работа максимално се вложуваат граѓаните што полесно и побрзо да ги остварат своите барања и своите права. Десница ги поддржува барањата на јавната администрација за поголеми плати и за достоинствен живот на сите нив кои се посветиле на јавното добро. Не може за едни институции и службеници Владата да е мајка, за други маќеа и да останат со мизерни плати. Впрочем еднаквоста на сите државни и јавни службеници беше и една од целите на Законот за административни службеници. Со вакво самоволие, овој закон ја загуби смислата. Владата и институциите имаат законски мерки со кои можат да ги санкционираат неефикасните и корумпираните државни и јавни службеници. Надлежните не смеат да дозволат да се демотивираат и да си заминат и оние што ги крепат јавните институции.

"Моралната револуција-револуцијата во умот, срцето и душата на еден ропски народ е најголемата задача..."
-Гоце Делчев-
Нека му е вечна славата!