logo tЕдно е остварување право на пензија и висина за истата, а другото е усогласување на пензиите со трошоците за живот! Да и биде појасно, од уплатените придонеси пензионерите добиваат основица за пресметка на износот на пензија и тоа за едни е 200 евра, за други и до 1000 евра. Купчето за усогласување дали ќе го поделите подеднакво на сите, или на тие што имаат многу ќе им дадете уште повеќе, а на тие што скоро и да немаат ќе им дадете трошки, е исклучиво само разум, чувства и воља на министерот за труд, Владата и пратениците! Се разбира со законски измени. Има време со европско знаменце ќе ги доставите. Ако не е уставно линеарното усогласување на пензиите (подеднакво за сите, бидејќи и трошоците, цените се зголемени исто за сите, не се пониски цените за пензионерите со минимални пензии) дали тоа значи дека и износот на К 15 не е уставен бидејќи е за сите ист износ, а не според висина на платата?! Не е уставен законот за материјслно обезбедување каде сите стечајци добија ист износ на паричен надомест, а сите плаќале различен придонес за вработување? А, да 78 % покачувањето на платата на Тренчевска важно е уставно!