ПРОГРАМА на политичката партија Десница
- Граѓанинот како слободна и просперитетна единка, слободен и социјално сигурен поединец како најголема вредност во општеството;
- Залагање против секаков вид на дискриминација, репресија и институционална нееднаквост;
- Слобода на говор, делување и здружување;
- Секому да биде овозможено право на посебност, индивидуалност, различитост;
- Една изборна единица;
- Рационализирање на административните процедури;
- Целосна дигитализација на институциите во давањето на услуги;
- Продукција на домашни емисии, серии и филмови и нивно пласирање во други земји со цел да се промовира Република Северна Македонија.
- Минималната плата да биде во висината на потрошувачката кошничка пресметана од Заводот за статистика на Република Македонија;
- Линеарно усогласување на платите согласно % на пораст на животните трошоци според податоците од Заводот за статистика на годишно ниво;
- Семејстватакои се во социјален ризик или се со деца со посебни потреби, ќе бидат финансиски поддржани со детски додаток за секое дете, чија висина (износ) ќе зависи од возраста, потребите на детето и примањата на родителите;
- Целосно финансирање на образовниот процес до негово завршување за талентирани деца, деца од семејства во социјален ризик или деца со посебни потреби, а покажуваат исклучителни и ретки успеси во образованието (стипендии, покривање на трошоци за сместување, храна и сл.);
- Паричен надомест во висина на една просечна плата за невработените активни баратели на работа, доколку истото активно бара работа (приложува докази за барање на работа);
- Паричен надомест за сите на кои им престанал работниот однос, без разлика на основот, од причина што сите плаќаат за придонес за вработување;
- Трансформација на работен однос од определено време и договор на дело во работен однос на неопределено со полагаје на испит во Агенција за администрација;
- Одлагање на сите извршни решенија за период од 3 години во кои треба да следи постапка на докажување на извршноста;
- Отпис на каматите за долгови кон сите државни и јавни институции доколку главниот долг се плати во целост наеднаш;
- Намалување на границата за пензионирање по основ на работен стаж наместо досегашните 15 години на минимум 5 години работен стаж;
- Пензионерите да бидат ослободени од партиципација при користење на сите видови здравствени услуги, заради платен придонес за здравствено осигурување од страна на Фондот на ПИОСМ, кој во моментот е 13%;
- Пензионерите да имаат бесплатни лекови, кои ги користат подолго од 6 месеци;
- Активности за поголема грижа за старите лица во смисла на изградба на значително поголем број државни пензионерски и старечки домови за палијативна нега;
- Периодот на породилно боледување да изнесува 18 месеци, а истото да го користат двата родители, со опција за комбинирање на периодите во овие 18 месеци по сопствен избор, но да не се поклопуваат;
- Мајката или таткото да имаат право на скратено работно време до двегодишна возраст на детето,односно се до обезбедување на упис/прием во градинка;
- Финансиска поддршка во висина од 30% од просечната плата за самохраните родители и децата, доколку самохраниот родител има плата под просечната, а не се корисници на други социјални бенефиции;
- Целосна грижа за децата без родители од страна на државата до нивната 26 годишна воздраст, доколку го продолжат образованието;
- Обезбедување работни места и создавање услови за обезбедување на сопстевен дом на децата без родители;
- Целосна и превентивна заштита, материјална и морална поддршка на лицата жртви на семејно насилство ;
- Максимална грижа, редовна материјална и морална поддршка, како и секојдневни активности за лицата со посебни потреби и хендикеп;
- Родителите (старателите) на лицата со посебни потреби и хендикеп, и самохраните родители, да имаат приоритет при користење на услугите од државните институции, а при тоа да бидат ослободени од секакви такси и давачки кои што се однесуваат на лицата со посебни потреби и хендикеп;
- Организирање 7 дневни летни одмори за деца со пречки во развој, деца од еднородителски семејства, деца без родители и деца од семејства во социјален ризик;
- Континуирано образование (трансфер на знаење) за практично запознавање со технолошките унапредувања во сите области на земјоделското производство, преработка, маркетинг, пласман;
- Изградба на гасоводен систем до сите семејни домаќинства;
- Зголемен бројот на студенти и средношколци, корисници на стипендии и кредити чиј износ ќе изнесува 60% од минималната плата, по критериуми утврдени од Сојузот на средношколци и Сојузот на студенти;
- Доближување на досегашниот модел на студирање со швајцарски или фински модел на студирање и едуцирање во соработка со Сојузот на средношколци и Сојузот на студенти;
- Редовно организирање на дебатни трибини, каде младите ќе можат да дебатираат, предлагаат, прашуваат,критикуваат, сугерираат;
- Подигнување на свеста на младите за значењето на економијата и стопанството во едно општество;
- Стекнување на младите со вештини и знаења преку практично работење во текот на наставата кое ќе биде платено;
- Прилагодување на наставните програми/ профили во средните училишта и факултетите според потребите на пазарот на труд;
- Интензивирање на воспитното делување на училиштата;
- Зголемување на безбедноста на учениците во училиштата;
- Стимулации во неатрактивни медицински дисциплини во јавното здравство, со цел надминување на проблемот од недостиг на соодветен кадар;
- Зголемување на платите на здравствените работници со цел нивно задржување во јавното-државно здравство и давање на поквалитетни услуги;
- Поголема и сеопфатна соработка помегу Фондот за здравствено осигурување на РСМ и приватните даватели на здравствени услуги;
- Членовите на Државната комисија за спречување на корупција да бидат предложени од опозицијата;
- Јавните набавки да ги спроведува комисија/совет формиран/а од стручни лица бирани од регистар на граѓани надвор од институцијата;
- Финансиска независност на правосудните органи;
- Подигање на степенот на интегритет на судиите и обвинителите;
- Рационализација на Основните судови согласно број на жители и број на предмети;
- Зголемување на бројот на стручни соработници и приправници во судовите;
- Мерката притвор да се користи како превентивна, не репресивна мерка;
- Учество на правосудните органи во изготвуваењ на закони и законски измени од Министерството за правда;
- Судовите да креираат сопствено финасирање, независно од буџетот на Република Македонија;
- Судот по службена должност да ги прибави сите докази кои странката не е во можност да ги прибави сама;
- Судските постапки да не се одлагаат, односно да течат во континуитет секој ден до носење на пресуда;
- Овозможување на услови за постојана едукација на судиите во областа на европските стандарди за заштита на човековите права;
- Финансиска поддршка за одржување и развој на занаетите, особено оние кои се во изумирање.
- Фер и пазарно ориентирана модерна економија која тежнее кон целосно искоренување наневработеноста во Република Македонија;
- Создавање услови за развој на реалниот сектор, со цел отворањe нови, добро платени работни места, со современи услови за работа кои ќе се пополнат со одговорни лица стручни во областа на своето работење и со млади способни и амбициозни кадри;
- Стимулации и подобрување на условите за стопанисување и на домашните фирми;
- Стимулирање на производството и организирање на пласманот на производите како на домашниот, така и на странскиот пазар;
- Намалување на царините и ДДВ за увоз на суровини на домашните компании кои се занимаваат со производство;
- 5% од годишниот буџетот на Република Северна Македонија да се издвојува за зголемување на капиталот на Развојна Банка со цел истата да поддржи економски развој на малите и средни домашни претпријатија;
- Формирање на фонд за капитални инвестиции во економијата (закон за начин на формирање, начин на работење, организација, услуги и начин на прибирање на финансиски сретства)
- Изградба на производствени капацитети (100% сопственост на фондот или приватно партнерство) капацитетот да биде АД во државно сопственост или АД со мешовита сопственост (државна и приватна) со право на продажба на државниот дел на берза со приоритет на откуп од приватниот партнер , овие стопански капацитети да се однесуваат на искористување на природните ресурси во РСМ (камен, вода, лорандит)
- Зголемување на домашното производство и постигнување на долгорочно одржлива стапка на економски раст од 6 до 8%;
- Економски проекти и мерки кои ќе овозможат стапка на невработеност под 10% во период од 4 години;
- Развој на севкупната инфраструктура во Република Северна Македонија и пред се подобрување на инфраструктурата и условите за живот на село;
- Обезбеден пазар, извоз, откуп и преработка на земјоделските култури и производи;
- Правилна и оптимална распределба на земјоделските површини во државна сопственост, како и на запуштените површини кои изнесуваат преку 200 000 хектари, а истото да биде дадено на располагање и користење на вистинските земјоделци на кои земјоделието им е основна дејност. Семејните земјоделски стопанства би располагале со доволно површини , оптиминизирани на научна основа. Со тоа ќе се создадат нови оптимални семејни стопанства , чиј број за неколку години би изнесувал 50 000 и ќе ангажира над 100 000 активно невработено население, со тенденција на зголемување на бројката;
- Хоризонтална меѓусебна интеграција на семејните стопанства и нивна вертикална интеграција со преработувачката индустрија, со што ќе се формираат повеќе кооперативни компании според видот на производството;
- Преработувачката индустрија и маркетингот ќе бидат сервис на примарното производство, интегрирано во кооперативни компании на примарните производители;
- Изградба на објекти за примарно земјоделско производство и набавка на технолошка опрема со средства од ИПАРД-програмата, каде државата во почетокот ќе постигне договор со деловните банки за прифаќање на одобрените грантови како колатерали за добивање кредити;
- Органско производство во ридско планинските подрачја кaко еден од моделите за подобрување на животниот стандард и ќе придонесе за охрабрување на младите генерации да ја изградат својата иднина во еколошки чисти и здрави средини;
- Зголемување на конкурентноста преку воведување на современи технолошки постапки, набавка на современа механизација за примарна обработка на земјиштето по бенифицирани услови и посебни услови при аплицирање за грантови од ИПАРД-програмата;
- Изградба на капацитети за преработка на шумски плодови во реоните на шумските предели;
- Формирање на национална авио-компанија во согласност со закон за јавно приватно партнерство;
- Во областа на водостопанството, ќе се активираат постојните системи за наводнување, кои засега покриваат 120.000 хектари, а се користат само 20 % и ќе се отвори нов водостопански објект по течението на реката Вардар кој ќе го зголеми капацитетот на акумулирана вода и на системите за наводнување, со што ќе се овозможи искористување на необработените, речиси пустински површини на Вардарска долина и горниот дел на ридчестата Овче полска долина;
- Инвестирање во напуштени села со опремување на целосна инфраструктура, изградба на угостителски и други објекти во етно стил, со цел развој и унапредување на селскиот туризам;
- Организирање на континуирана обука за практично запознавање со технолошките унапредувања во сите области на земјоделското производство, преработка и маркетинг;
- Зголемување на инвестициите за модернизација на постојните и инвестиции во нови енергетски опреми (можност за приватно партнерство);
- Стимулирање и зголемување на производството на електрична енергија од поевтини извори на енергија (мали хидроелектрани, ветерни електрани, сончеви електрани, електрани на биогас);
- Достоинствено интегрирање во ЕУ;
- Јавната администрација и државните службеници целосно да бидат ослободени од политички и партиски активности притисоци и задачи, во спротивно одговорното лице да биде казнето согласно одредби вметнати во кривичниот законик;
- Континуирана обука и постојана модернизација на вработените во јавната и државна администрација прилагодена на сите европски стандарди;
- Работењето на јавната администрација и државните службеници да е во исклучиво во интерест на РСМ и нејзините граѓани;
- Македонија со зачуван интегритет, без отстапки за јазикот и идентитетот да ги продолжи преговорите за полноправен и рамноправен член на Европската Унија и дел од големото европско семејство;
- Развој на добрососедските односи на Република Северна Македонија преку соработка во економијата, културата, образованието, спортот, медицината и други сегменти;
- Македонска дипломатија со високо професионални, стручни и непартиски кадри и широко распространета дипломатска мрежа;
- Политичката партија која ќе добие мандат да ја формира Владата во Програмата за работа на Владата да предвиди реализирање на дел од проектите и мерките од Изборната програма на сите партии кои добиле мандати во Собранието;
- Изнаоѓање на модел за реално независни и самостојни синдикати, комори, регулаторни комисии и тела;
03-52/4