Не би предизвикало промена на планираниот буџет ако истите тие средства наместо по 6% по пензионер, се распределат линеарно со фиксен износ за сите пензионери подеднакво од истиот тој буџет. Зошто? Затоа што 6% зголемување на вкупната сума за исплата на една месечна пензија за сите пензионери (пр. 6 милијарди денари), ќе значи дополнителни 360 милиони денари за буџетот на државата (значи 6 ,36 милијарди), било да е процентуално или линеарно. Од друга страна пак, од гледна точка на пензионерите има разлика и тоа голема од причина што процентуалното усогласување од 6% на пензија од 60.000 ден и 6% на пензија од 13.000 денари не е исто. Во првиот случај е 3.600 денари, во вториот е 780 денари.
А исто така Владата може да го зголеми обезбедениот буџет од 6 % од други непродуктивни трошоци и линеарно да ја зголеми пензијата ако не за бараните 3 500, можеби за 2 000 или 2 500 денари. Сивата економија во моментов изнесува 33,2% од БДП и ги оштетува јавните финансии, буџетот на државата и социјалните фондови. За тоа е потребен бескомпромисен пристап. Преку сузбивање на сивата економија во буџетот би се слеале 450 милиони евра годишно, кои ќе се искористат за попродуктивни цели и подобрување на стандардот на граѓаните.