На 1ви септември во минатото секој дом, секоја училница мирисаше на нови книги, нов прибор, нови ранци. Возбудени ученици, горди родители, среќни наставници беа одлика за времето кога знаењето беше важно во Македонија.
Сега кога државата ја превзема (НЕ)ГРИЖАТА за бесплатни учебници, учебници нема, освен прастарите искинати и неупотребливи!
Бидејќи МОН и Владата не можат да обезбедат бесплатно и безгрижно школство, а да не останат децата без образование и знаење, Десница бара Владата и МОН или комплет учебниците редовно да ги доставува до учениците (со почетокот на учебната година) или ако не може, нека признае дека образованието ни е далеку од бесплатно и квалитетно.
Десница бараа Владата да применува европски практики, да го намали бројот на часови за да имаат простор за спорт и други активности ( четири дена по 7 часа и еден ден 6 часа), повисоки плати за наставниот кадар, како и да обезбеди месечен надомест во висина од 3000 денари за секој ученик!