„Послушајте Македонци!

Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште“
~ Блаже Конески

Со решение на АСНОМ од 2 август 1944 година, донесено во манастирот Прохор Пчински, македонскиот јазик беше заведен како службен јазик на македонската држава. Потоа, на 5 мај, 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, на 7 јуни 1945 година, се усвојува првиот правопис на македонскиот јазик. Со тоа, македонскиот јазик е официјално кодифициран и стандардизиран.Прашање е дали Владата и владините функционери го штитат, почитуваат и правилно користат македонскиот јазик?! Односно колку имаат контрола за
негово правилно и официјални користење?!

Да го користиме правилно и секојдневно во говорењето, во пишувањето!
Да го чуваме и негуваме!
Вечно да го чествуваме!