Со предложените измени и дополни на Законот за земјоделското земјиште, со кои се дозволува изградба на енергетски градби на квалитетно земјоделско земјиште, оваа ненародна влада покажува дека и понатаму продолжува со урнисување на сé што е вредно. Во земја која отсекогаш била аграрна, која е богата со сонце и вода, најквалитетното земјоделско земјиште да го претвориш во енергетска централа, е уште еден доказ дека бизнис интересите на оваа ненародна влада се над сé друго. Во време кога храната (месо, овошје, зеленчук, жито и сл.) станаа луксуз, наместо да се стимулира производството на храна, зголемување на сточниот фонд, искористување на пасишта и сл., а со тоа да се намалат високите цени на овие производи, оваа ненародна влада предзвикува зголемување на дефицитот на основните прехранбени производи од домашно производство, претворање на пасишта во градежно земјиште и сл. Десница прашува дали наместо храна, овој народ ќе јаде струја/ фотоволтаици/ ветерници?! Што е овде постратешко- производство на храна или градење објекти на површини наменети за производство за храна за лични интереси? Зборувате за 100% искористеност на средствата од ИПАРД 2. На што ќе се трошат средствата од ИПАРД 3 ако целото земјоделско земјиште го претворите во енергетски централи? За каков развој на земјоделството говорите, ако нема земјоделско земјиште? Дали со средствата од ИПАРД 3 во најголем дел (да останат трошки и за земјоделците) се планира финансирање на бизнисот со енергија, на сметка на производство на храна, кој е во рацете на сегашната власт?
Да не дозволиме од земја-производител на евтини, а квалитетни земјоделски производи да се претвориме во увозник на истите по многу високи цени.