Почитувани сограѓани, браќа и сестри,

Во овој светол ден, кога камбаните го најавуваат триумфот на животот над смртта и на светлината над темнината, во името Десница и во мое лично име, ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден!
​Воскресението Христово не е само темел на нашата вера, туку и вечен патоказ за нашата нација. Тоа нè потсетува дека со силна верба, непоколеблив дух и верност кон сопствените корени, секој пораз може да стане победа, а секое искушение – ново раѓање.
Како политичка партија која цврсто стои на браникот на традиционалните вредности, семејството и националното достоинство, веруваме дека токму овие духовни столбови се потребни за силно и вечно постоење на нашата татковина. Велигден е празникот кој нè обединува во надежта дека праведноста и честитоста секогаш го наоѓаат својот пат.
На овој голем ден, да се помолиме за силни семејства, како јадро на нашето општество и единство на македонскиот народ, каде и да се наоѓа!

Нека празничната радост ги исполни вашите домови со здравје, спокој и благосостојба. Да ги чуваме нашите обичаи и да ја пренесуваме светлината на Воскресението на идните поколенија.

​​Христос Воскресе! Навистина Воскресе!

Нека ни е вечен Велигден и вечна Македонија!