Врз основа на член 27, а во врска со член 3,14 и 16 од Законот за политичките партии (Службен весник на РМ, бр. 76/04, 5/07, 8/07, 7/08 и 23/13) и Одлука на Уставен суд бр.57/07 и 60/07), член 22од Статутот, Одлука бр. 03-35 од 19.03.2016 година и Одлуката бр.03-52/3 од 11.11.2022 година, во Скопје, се утврдува пречистен текст на Статутот на Партијата
С Т А Т У Т
НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА ДЕСНИЦА
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Политичката партија „Десница“е политичка партија (во натамошниот текст - партија), која согласно уставните и законски одредби ќе делува конструктивно,позитивно,благовремено завземајќи политички ставови за сите значајни прашања од јавниот живот,а кои се во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани.
Член 2
Името на политичката партија е: „Десница“. Името на партијата ја искажува основната програмска идеjа,причина,цел и задача за формирањето на партијата,како и однесувањето и делувањето на партијата соодветно на времето, условите и околностите во кои Република Македонија се наоѓа.
Член 3
Политичката партија „Десница“е правно лице, запишано во Единствениот регистар на политички партии кој се води кај надлежниот суд Основен суд Скопје 2 – Скопје.
Член 4
Седиштето на партијата е во Скопје на ул.Тодор Чангов 17 бр.31.
Член 5
Политичката партија „Десница“е правно лице кое дејствува во согласност со Уставот и Законите на Република Македонија.
Член 6
Таа е самостојна,доброволна,демократска,граѓанска и отворена за сите кои сакаат да пристапат во неа и сакаат да дадат свој придонес преку свои проекти, програми, идеи, ставови и мислења (граѓаните може да бидат членови кои активно ќе учествуваат во органите и активностите на партијата или пак да бидат членови кои пасивно ќе бидат дел од партијата и на свој начин ќе партиципираат во неа) .
Член 7
Партијата соработува со другите политички партии во Република Македонија и во други држави,со здруженија на граѓани,невладини организации, синдикати, комори, државни органи, локална самоуправа, амбасади и други правни лица, домашни и странски,а сето ова во согласност со Уставот и Законите на Република Mакедонија,како и во согласност со Статутот и Програмата на партијата.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ
Член 8
Партијата се залага за:
- Заштита на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија;
- Чување и остварување на темелните Уставни вредности;
- Човекот како слободна и просперитетна единка,слободен и социјално сигурен поединец како најголема вредност во општеството;
- Доследно почитување и спроведување на правниот поредок;
- Превземање дел од одговорноста за изнаоѓање решение за Интегрирање на Република Македонија во Евроатланските институции;
- Слобода на говор,делување и здружување;
- Развој на добрососедските односи преку соработка во
економијата,културата, образованието,спортот и медицината;
- Ќе се залагаме за изнаоѓање на модел за реално независни и самостојни Синдикати,Комори,Регулаторни комисии и тела;
- Воведување на принципи кои што се применуваат во земјоделството на земјите со развиен аграр;
- Решенија со чија реализација ќе престане одливот на млади граѓани надвор од границата на Република Македонија,а позитивните економски промени ќе резултираат со желба на веќе заминатите млади луѓе да се вратат во својата земја;
- Фер и пазарно орентирана модерна економија која тежнее кон полна вработеност;
- Редовно организирање на дебатни трибини,каде младите ќе можат да дебатираат,предлагаат,прашуваат,сугерираат и слично.
Член 9
Со цел,на своите програмски цели и задачи,политичката партија „Десница“ делува во Република Македонија и во други држави,во согласност со Уставот и Законите на Република Македонија и законите на соодветната држава.
Член 10
Работењето на партијата е јавно,транспарентно и ќе остварува отворена соработка со сите пишани и електронски медиуми,преку презентации, соопштенија,изјави,колумни,конференции за печат,присуство на дебатни, дискусиони емисии и на друг начин во согласност со позитивните правни прописи на Република Македонија,а во интерес на граѓаните и државата.Редовни средби со граѓаните,тематски трибини и отворени канцeларии.
Член 11
За остварување на програмските цели,партијата може да издава свои гласила,печати,пропаганден или рекламен материјал и оснoва други електронски средства за јавно комуницирање и информирање во согласност со Законите на Република Македонија.
ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ПАРТИЈАТА
Член 12
Членувањето во политичката партија „Десница“е доброволно и во неа член може да биде секој полнолетен граѓанин односно државјанин на Република Македонија,без разлика на неговата национална и верска определба,пол,социјален и економски,семеен статус,сексуална определб и секоја друга припадност,ориентација и различност,кој живее или работи во Македонија или надвор од неа.
Член 13
Секој кој ќе даде своја лична изјава,односно ќе потполни и потпише образец за пристапување-членство во партијата,ќе добие карта за членување во политичката партија „Десница“со што покажува дека ги прифаќа програмските определби,целите и задачите,содржани во овој Статут и Програмата за работа на партијата.
Член 14
Политичката партија „Десница“ може да има почесни членови и надворешни соработници и советници. Начинот на нивно зачленување,делување,учествување во партијата,правата и обврските,како и статусот на сите нив,поблиску се уредува со правилник.
Член 15
Права,обврски и одговорности на членовите се:
- да избира и да биде избран во органите на партијата;
- да учествува во работата и активностите на партијата на сите нивоа на организирање;
- да биде информиран за активностите и дејствувањето на партијата; • да учестува во утврдувањето и остварувањето на политиката на партијата; • да дава предлози за поуспешна работа на партијата;
- да го брани и застапува своето мислење во рамките на партијата,јавно,без притоа да биде повикан на одговорност поради изнесеното мислење доколку истото не е спротивно на Статутот и Програмата и не и нанесува штета на партијата и нејзините членови;
- да го чува и унапредува угледот и идентитетот на партијата; • да се заложува за успех на партијата на изборите;
- да се придржува кон програмските документи,Статутот и другите акти на партијата;
- доброволна уплата на членарина;
Член 16
Секој член на политичката партија„Десница“доколку дејствува спротивно на Статутот и Програмата,целите,задачите и интересите на партијата,ќе биде повикан на одговорност,откако ќе биде предупреден за неговото неодговорно дејствување,и истиот ќе добие право на изјаснување,појаснување и соочување.
Член 17
Утврдувањето на постоење одговорност ќе се регулира со посебен правилник.
Член 18
Членството во партијата престанува во случај на:
- изјава за доброволно истапување од членството;
- пристапи кон друга политичка партија;
- истапува во јавноста во име на друга политичка партија или неовластено изнесува во јавноста ставови и податоци,кои и штетат на партијата;
- доколку,како пратеник во Собранието на Република Македонија, градоначалник,советник од редовите на политичката партија “Прогресивна десница” " или избран функционер во извршната власт,не дејствува во согласност со Програмата,Статутот и Одлуките на органите на партијата;
- доколку со своето политичко дејствување работи спротивно на Статутот и Програмата на партијата;
- трајно губење на деловната способност;
- настапување на смрт
Член 19
Одлука за утврдување на престанок на членството во партијата, се регулира со правилник.
ОРГАНИ НА ПАРТИЈАТА
Член 20
Органи на партијата се:
- Собрание
- Претседател
- Централен совет
- Претседателство
- Статутарна комисија
- Тело за материјално-финансиско работење
СОБРАНИЕ
Член 21
Собранието е највисок орган во партијата со мандат во траење од четири години.
Член 22
Собранието е највисок орган на партијата.Редовна седница на Собрание се одржува на секои четири години,а одлука за тоа носи Централниот совет на партијата. На барање на ½ (една половина) од членовите на
Централниот совет може да се одржи и вонредна седница на Собранието.
Претседателот на партијата е должен во рок од 15 дена од поднесување на барањето за одржување на вонредна седница на Собранието да свика седница на Централниот совет,која ќе се одржи најдоцна 30 дена од поднесување на барањето.
По донесување на одлуката на Централниот совет за одржување на вонредна седница на Собранието,седницата се одржува во рок од 60 дена.Собранито го сочинуваат најмалку 100 делегати,а критериумите за нивниот избор и нивно отповикување се определуваат со Правилник донесен од страна на Централниот совет.Потребни се 2/3 од вкупниот број на делегати,за да може Собранието полноправно да заседава и одлучува.
Член 23
Собранието на политичката партија “Десница“
- избира Комисија за верификација на мандатот на делегатите на Собранието и ги верифицира нивните мандати;
- донесува,менува и дополнува Програма на предлог на органите на партијата;
- донесува,менува и дополнува Статут на предлог на органите на партијата; • избира Претседател на партијата;
- избира членови на телото за материјално-финансиско работење на партијата;
- избира членови на Статутарната комисија;
- разгледува други прашања сврзани со работата на партијата; • донесува одлуки и други акти во интерес на партијата;
- носи Деловник за својата работа
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Член 24
Претседателот на политичката партија „Десница“ е политичко-извршен орган кој го избира Собранието.Мандатот на претседателот на партијата трае четири години,со право на повторен избор. Начинот за кандидирање и постапка за избор на Претседател на партијата, како и условите и причините за предврмен престанок на мандатот,се утврдуваат со Деловник за работа на Собранието.
Член 25
За Претседател на партијата е избран кандидат, кој добил мнозинство гласови од вкупниот број делегати. Доколку ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство на гласови,Претседател на партијата се бира во втор круг.За избор на
Претседател во вториот круг се гласа за двајца кандидати кои добиле најмногу гласови во првиот круг.Кандидатот кој добил мнозинство гласови доколку гласале повеќе од половина делегати е избран за Претседател на партија.
Член 26
Претседателот на политичката партија „Десница“ја застапува и претставува партијата,раководи со партијата,учествува во креирање на политиката и носење одлуки во интерес на партијата.
Член 27
Претседателот на партијата,може да овласти и други лица како застапници на партијата, со јасно прецизирани овластувања и дефинирано времетраење.
Член 28
Претседателот на политичката партија „Десница“склучува договори и потпишува акти,носи одлуки соогласно Програмата и Статутот на партијата.Донесува одлука за назначување на потписници на жиро сметка на партијата,предлага избор и разрешување на членови на претседателство,подпретседатели и генерален секретар на партијата.Ги свикува и раководи со седниците на Централен совет и Претседателство. Одредува термин за одржување на Собрание.Става вето на одлуки и други акти на Претседателството и на другите партиски органи и тела за што го извествува Централниот совет.
ЦЕНТРАЛЕН СОВЕТ
Член 29
Централниот совет на политичката партија„Десница“преставува орган на партијата кој носи одлуки меѓу две Собранија и со мандат на траење од четири години.
Член 30
Централниот совет на политичката партија „Десница“ го сочинуваат :
- претседател,подпретседатели,генералниот секретар,членови на претседателство на партијата,претседатели на општински клубови, претседател на клуб на млади 21,подпретседатели на клуб на млади 21, секретар на клуб на млади 21,членови на претседателство на клуб на млади 21 и други членови кои ќе ги избере Централниот совет на предлог на Претседателот
Член 31
Централниот совет на предлог на Претседателот :
- избира Подпретседатели и Генерален Секретар и членови на Претседателство;
- избира носители на други партиски функции;
- носи одлуки за соработка,коалиција или заеднички настап со други политички партии;
- утврдува критериуми и постапка за избор на пратеници,градоначалници, советници;
- дава политички насоки за делување на општинските,месните клубови и клубовите на избирачки места;
- носи деловници за работа за организациона поставеност и работа на органите на партијата;
- носи изборна програма;
- донесува деловници,одлуки и други акти од својата надлежност;
- формира тела во интерес на партијата;
- решава и други прашања поврзани со работата на партијата;
- ги верификува,односно отповикува мандатите на членовите на Централниот совет и на избраните претседатели на Општинските клубови;
Член 32
Седниците на Централниот совет ги свикува и со нив заседава Претседателот на партијата.Централниот совет работи на седници кои се одржуваат на секои три месеци,а по потреба и во пократок временски период.Покана за седница на Централниот совет се испраќа на сите членови седум дена пред денот на одржувањето на седницата,а по потреба и во итни случаеви во покус рок.
ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО
Член 33
Претседателството е политичко - извршен орган кој делува врз основа на политичките насоки,заклучоци и задачи на Претседателот на партијата и на Централниот совет.Мандатот на членовите на претседателството трае четири
години,а нивните мандати ги избира,односно отповикува Централниот совет на предлог на Претседателот на партијата. Претседателството работи на седници кои ги свикува,раководи и заседава Претседателот на партијата.Членовите на Претседателство за својата работа одговараат пред Претседателот на партијата и пред Централниот совет.
Член 34
Претседателството:
- донесува Деловник за работа на Претседателство;
- го разгледува финансиското работење на партијата и донесува финансиски план и годишна сметка;
- усвојува деловници за организациона поставеност и работа на унии, асоцијации,комисии и форуми на партијата;
- донесува одлука за основање на општински клубови,унии,асоцијации , комисии и форуми;
- именува и разрешува Претседатели на општински клубови; • именува и разрешува теренски подсекретари;
- донесува одлуки за организација на терен;
- избира претседатели на унии,асоцијации,комисии и форуми; • носи одлуки за формирање на други тела на партијата;
- донесува одлуки и заклучоци,правилници и други акти
Член 35
Претседателството може да донесе одлука за стопирање на извршување одлуки и други акти на општинските клубови,унии,асоцијации,комисии и форуми,доколку утврди дека истите не се во согласност со Статутот и Програмата на политичката партија „Десница”
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈА
Член 36
Централниот совет на предлог на претседателот на политичката партија „Десница” избира и разрешува потпретседатели,со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Централен совет.
Член 37
Потпретседателите по функција се членови на Претседателството,со мандат во траење од четири години и вршат работа од делокругот на претседателот на партијата, што тој ќе им ја довери со посебно овластување.
ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР
Член 38
Генералниот секретар се избира и разрешува на предлог на Претседателот на партијата,од страна на Централниот совет со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Централниот совет,за времетраење од четири години.Генералниот секретар по функција е член на Претседателството,а за својата работа Генералниот секретар одговара пред Претседателот и пред Централниот совет на политичката партија „Десница”.
Член 39
Генералниот секретар на политичката „Десница” работи согласно :
- ја води и организира архивската евиденција и документација на партијата;
- учествува во организација и подготовка на седниците на
Претседателство,Централен совет,Собрание;
- ја следи и контролира работата на секретарите на општинските и месни клубови;
- го следи и евидентира извршувањето на оперативно-политичките ставови, одлуки и заклучоци на партијата;
- врши други работи делегирани од Претседателот, Претседателството и Централниот совет на Партијата;
- работи согласно Деловник за работа
СТАТУТАРНА КОМИСИЈА
Член 40
Статутарна комисија се избира и разрешува на предлог на Претседателот , од страна на Собранието на партијата. Статутарната комисија се состои од Претседател и најмалку два члена со мандат од четири години.
Член 41
Статутарната комисија го изработува Статутот и врши толкување на истиот.Донесува деловници,правилници за својата работа и работата на другите органи и тела на партијата,носи други акти и друго.
ТЕЛО ЗА МАТЕРИЈАЛНО –ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ
Член 42
Тело за материјално-финансиско работење на политичката партија „Десница” го избира и разрешува Собранието по предлог на Претседателот на партијата.Телото за материјално-финансиско работење го сочинувааат Претседател и најмалку два члена и истото работи согласно донесен Деловник за работа,со мандат во времетраење од четири години.
ПРАТЕНИЦИ И СОВЕТНИЦИ ИЗБРАНИ ОД РЕДОВИТЕ НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА ДЕСНИЦА
Член 43
Постапката и критериумите за утврдување кандидати за пратеници и за градоначалници и советници во општините и во град Скопје,се утврдуваат со посебни Правилници, што ги донесува Централниот совет.
Член 44
Пратениците,избрани во Собранието на Република Македонија,формираат Пратеничка група,заради координирање на сопственото дејствување во интерес на граѓаните на Република Македонија,а во согласност со Статутот и Програмата на политичката партија „Десница”. Одредбите од став 1 на овој член се однесуваат и на Советниците во општинските совети на партијата во советот на Град Скопје.
ПАРТИСКИ КЛУБОВИ
Член 45
Политичката партија „Десница”ќе делува на цела територија на Република Македонија преку свои клубови и тоа:
- Општински клубови,
- Месни клубови ,
- Клубови на избирачки места,
- Клубови во дијаспората
Истите ќе бидат основани,организирани и ќе делуваат врз основа на Деловници за работа донесени од Органите на партијата,а во согласност со Статутот и Програмата на партијата.
КЛУБ НА МЛАДИ
Член 46
Политичката партија „Десница” ќе формира организација на млади.
Член 47
Одлуката за формирање на Клуб на млади ја донесува Централниот совет на предлог на Претседателот.Клуб на млади при политичката партија „Десница” ќе делува во согласност со политиките на органите на партијата односно Статутот и Програмата на партијата како и врз основа на Деловникот за работа на Клуб на млади ,кои го носи Централниот совет на партијата.Членовите на Клуб на млади избираат свој органи на сите организациони нивоа и нивните преставници се дирекно и задолжително вклучени во работењето и одлучувањето на сите органи на партијата.Клуб на млади за своето делување е одговорен пред Претседателот на партијата,Централниот совет и Претседателството.
ИМОТ И ИЗВОРИ НА ФИНАНСИРАЊЕ
Член 48
Политичката партија „Десница” ќе стекнува финансиски средства и друг имот:
1. Јавни извори на финансирање
* Буџет на Република Македонија.
2. Приватни извори на финансирање
- партиска членарина;донации,подароци,прилози,спонзорства,кредити, позајмици ,во согласност со Законот за политички партии и други позитивни правни прописи.
Член 49
Партијата ќе води регистар на донации.
Член 50
Централниот совет на Политичката партија „Десница” донесува Правилник за материјално-финансиско работење на Партијата во согласност со Законот за политички партии и други позитивни правни прописи.
ПРЕСТАНОК НА ПАРТИЈАТА
Член 51
Политичката партија престанува да постои со бришење од Судскиот регистар:
- кога на политичката партија и е забрането дејствување со правосилно решение,во согласност со одредбите на овој закон;
- врз основа на правосилно решение за бришење на политичката партија од Судскиот регистар,донесено од страна на Судот врз основа на овој закон;
- кога Уставниот суд на Република Македонија ќе утврди дека Програмата или Статутот на политичката партија не се во согласност со Уставот;
- кога политичката партија ќе поднесе барање за бришење од Судскиот регистар.
Член 52
Барање за бришење од Судскиот регистар може да поднесе самата политичка партија кога:
- органот утврден со Статутот на политичката партија ќе донесе одлука за здружување со друга политичка партија;
- органот утврден со Статутот на политичката партија ќе донесе одлука за престанок
ПОСТАПУВАЊЕ СО ИМОТОТ ВО СЛУЧАЈ НА ПРЕСТАНОК НА ПАРТИЈАТА
Член 53
Кога партијата,ќе престане со работа,согласно одредбите од Законот за Политички партии нејзиниот имот преминува во сопственост на Универзитетската клиника за детски болести - Скопје.
СИМБОЛИ НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА
Член 54
Партиското лого е претставено како рамностран триаголник, поделен во три дела (два рамнокраки трапези еден врз друг на дното и еден рамнокрак триаголник на врвот) наизменично обоени во пастелни бои (светло сино најдолу, зелена на средина и светло зелена на врвот). Боите почнувајки од дното го симболизираат минатото (корените), сегашноста и иднината. Градираат од потемна кон посветла боја како симбол за прогрес и светла иднина. Триаголникот на врвот што ја претставува иднината е воедно и стрелка нагоре која симболизира прогрес, повисоки цели и нови хоризонти. Со одземен негативен простор на средината од триаголната форма е претставена картата на Македонија која стои на дебело стебло и корени. Трите дела од триаголникот ги содржат трите дела од формата на средина. Под логото е испишано името на Партијата со кирилично писмо. Карактерите од фонтот се геометрисни точни и го надополнуваат логото во правилна триаголна форма која дава стабилност на целата композиција. Логото има и негатив варијанта, односно црно на бела основа и бело на црна основа“.
Член 55
Партиското знаме е правоаголник во размер 1:2 со бела боја, а во средина на знамето се наоѓа логото на Партијата.
ПЕЧАТ НА ПАРТИЈАТА
Член 56
Политичката партија „Десница” има свој печат.
ПЕЧАТОТ на партијата e во кружна форма, со димензии: 40мм х 40мм, на бела основа соплава тинта, при што централниот дел е логото со името на Партијата, а околу него има два концентрични кругови.
ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
Член 57
Претседателот на политичката партија „Десница” ги превзема сите овластувања на сите партиски органи во случај на војна, вонредна или друга состојба која оневозможува организирање и работење на истите,а е потребно носење на брзи и итни одлуки во интерес на партијата, Република Македонија и нејзините граѓани.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 58
Се што не е регулирано со одредби на овој Статут, Централниот совет во согласност со Уставот, Законите и постоечкиот статут ќе го регулира со носење на посебни правни прописи – акти, како Одлуки, Деловници, Правилници и слично.
Член 59
Органите на партијата, сите акти утврдени со Статутот на партијата ќе ги донесат во рок од сто дена од денот на неговото стапување на сила.
Член 60
Овој Статут стапува во сила со денот на неговото донесување.
Бр.03-53. ПРЕТСЕДАТЕЛ,
Скопје, 14.11. 2022 година Билјана Јовановска