Богојавление
ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЗАСЛУЖУВА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ
Јавната администрација отсекогаш била цел на негативни критики како од надлежните, така и од јавноста. И секогаш се зборува за проекти за поефикасна јавна администрација, кои и даваат резултати, но невидливи или слабо видливи за јавноста. И додека едни говорат дека таа е многубројна, други дека е неефикасна, реалноста е дека и таму има квалитетни кадри, кои со својата работа максимално се вложуваат граѓаните што полесно и побрзо да ги остварат своите барања и своите права. Десница ги поддржува барањата на јавната администрација за поголеми плати и за достоинствен живот на сите нив кои се посветиле на јавното добро. Не може за едни институции и службеници Владата да е мајка, за други маќеа и да останат со мизерни плати. Впрочем еднаквоста на сите државни и јавни службеници беше и една од целите на Законот за административни службеници. Со вакво самоволие, овој закон ја загуби смислата. Владата и институциите имаат законски мерки со кои можат да ги санкционираат неефикасните и корумпираните државни и јавни службеници. Надлежните не смеат да дозволат да се демотивираат и да си заминат и оние што ги крепат јавните институции.
Новогодишно дружење со најмладите
Претседателката на Десница м-р Билјана Јовановска се дружеше со најмладите и ги одбележаа Новогодишните и Божикните празници.