Пензионерите не се откажуваат од барањата за покачување на пензијата
Дали реално има можност за поголемо покачување на пензиите разговаравме со поранешната директорка на Пензискиот фонд Билјана Јовановска.
Министерката Тренческа ги измешала лончињата
Едно е остварување право на пензија и висина за истата, а другото е усогласување на пензиите со трошоците за живот! Да и биде појасно, од уплатените придонеси пензионерите добиваат основица за пресметка на износот на пензија и тоа за едни е 200 евра, за други и до 1000 евра. Купчето за усогласување дали ќе го поделите подеднакво на сите, или на тие што имаат многу ќе им дадете уште повеќе, а на тие што скоро и да немаат ќе им дадете трошки, е исклучиво само разум, чувства и воља на министерот за труд, Владата и пратениците! Се разбира со законски измени. Има време со европско знаменце ќе ги доставите. Ако не е уставно линеарното усогласување на пензиите (подеднакво за сите, бидејќи и трошоците, цените се зголемени исто за сите, не се пониски цените за пензионерите со минимални пензии) дали тоа значи дека и износот на К 15 не е уставен бидејќи е за сите ист износ, а не според висина на платата?! Не е уставен законот за материјслно обезбедување каде сите стечајци добија ист износ на паричен надомест, а сите плаќале различен придонес за вработување? А, да 78 % покачувањето на платата на Тренчевска важно е уставно!
Честит Илинден
И после 120 години од Илинденското востание Македонија се уште е во борба за своето постоење. Аманетот од илинденците да го сочуваме ова парче земја од Бога благословено, трае и денес. Да не дозволиме македонскиот оган да згасне, туку напротив да дадеме се од себе македонското сонце силно да ги грее и идните наши генерации. Честит и вековит нека е Илинден! Да си вечна и благословена Македонијо!