Честит Илинден
И после 120 години од Илинденското востание Македонија се уште е во борба за своето постоење. Аманетот од илинденците да го сочуваме ова парче земја од Бога благословено, трае и денес. Да не дозволиме македонскиот оган да згасне, туку напротив да дадеме се од себе македонското сонце силно да ги грее и идните наши генерации. Честит и вековит нека е Илинден! Да си вечна и благословена Македонијо!
Да ја изразиме својата солидарност во знак на сеќавање на жртвите од земјотресот во Скопје 1963
Утрото на 26 јули 1963 година требаше да биде како и секое друго утро за скопјани. Но, природата реши тој ден во 5.17 да ја истури сета своја сила врз Скопје и засекогаш да го промени животот и изгледот на Скопје и скопјани.
Во знак на сеќавање на загинатите во разорниот земјотрес, Десница ги повикува сите граѓани како и досега, така и во иднина да продолжат со својата солидарност и да учествуваат во сите хуманитарни акции, вклучително и на традиционалната крводарителна акција во организација на Црвениот Крст, која се одржува во ,,Даре Џамбаз,, од 09 до 17 часот.
ДЕСНИЦА СО КАТЕГОРИЧЕН СТАВ: ,,НЕ“ ЗА НАСИЛНА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ
И со денешните десет гласови „за“ и седум „против“ на Собраниската Комисија за уставни прашања која го изгласа натамошното разгледување на предлогот за уставни измени, власта по кој знае кој пат покажува сила и непочитување на мислењето и ставот на мнозинството на македонски граѓани кои се против ваквите уставни измени.
Овој собраниски состав нема мандат од граѓаните за промена на Уставот, па затоа на Македонија итно и се потребни предвремени парламентарни избори каде партиите во своите изборни програми треба да стават дали, кога, во кој дел и зошто би го менувале Уставот?!
Со уставните измени, кои сега се туркаат насилно, само ќе се отворат нови прашања, а досегашните проблеми ќе се продлабочат. Во ЕУ не влегуваме поради неуспешните и несериозни владини политики и ,,битки“ со криминал и корупција, а не поради барањата на Бугарија!
Десница смета дека членството во ЕУ е во интерес на Македонија, но не по цена на туѓи интереси и уцени, а на наша штета. А прашање е и дали ЕУ сака Македонија да стане дел од нејзиното семејство?!
Десница, и покрај тоа што не е дел од Собранието, останува категорично против било какво менување на Уставот на Македонија во насока на нанесување огромна штета
Десница не може да прифати инволвирање на малолетни лица во непромислени процеси
Десница не може да прифати инволвирање на малолетни лица во незрели и непромислени процеси ставени во закон. Уште повеќе што се однесуваат на нивната полова определба која впрочем е нивниот живот, иднина, па и судбина. А истите според предлог законските прописи и не се ниту избор, ниту волја на малолетните лица. Македонија не може овој процес да го преслика од Западно европските земји набрзина и насилно, за ова е потребно време и нашето општество кога ќе биде подготвено треба природно да го изоди патот на вакви промени и прифаќање. Десница го поздравува повлекувањето на спорните закони и порачува со тоа да заврши процедурата за нивно понатамошно модифицирање и повторно носење.