Информации од јавен карактер


Согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (ЗСПИЈК), Десница го овластува лицето м-р Теодора Маријановска за службено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Директен контакт со овластеното лице може да се оствари на следниве начини:
тел: 070/777-083
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 101/2019), член 1 и 9 од Упатството за начинот на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Бр. 01-158/1 од 04.03.2020г.) Десница партија подготви и објавува:


ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР 

1. Информации кои се однесуваат на дејствувањето на политичката партија, а се утврдени со законите во Република Северна Македонија и актите на политичката партија.

2. Основни податоци за контакт со политичката партија и тоа: 

Десница
ул. „Тодор Чангов” бр. 17/31
1000 Скопје, Македонија

070/777-083
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
www.desnica.org.mk

3. Податоци за претседателот на партијата (биографија) и основни податоци за органите на партијата; линк кон партиски тела и органи

4. Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации во политичката партија:

м-р Теодора Маријановска
е-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
моб: 070/777-083

5. Список на лица вработени во политичката партија со позиција, службен е-мејл и службен телефон;

6. Законите со кои се уредува начинот, условите и постапката за основање, регистрирање и престанок на политичките партии; со кои се уредува начинот и постапката на обезбедување на финансиските средства, располагањето со средствата за тековната работа и дејствувањето на политичката партија, како и начинот на контрола на финансирањето и финансиско-материјалното работење на политичките партии; со кои се уредува начинот на формирањето, организацијата, функционирањето и финансирањето на партиските истражувачко-аналитички центри при политичките партии

7. Информации кои се однесуваат на приходите од Буџетот на Република Северна Македонија (чл.9 и чл.10 од Закон за финансирање на политичките партии);

8. Информации кои се однесуваат на приходите од членарината;

9.  Информации кои се однесуваат на Регистарот на донации, односно Извештај за добиените донации;

10. Годишен финансиски извештај (за претходната година, кој се доставува до ДЗР, УЈП согласно чл.27 од Закон за финансирање на политичките партии);

11. Информации кои се однесуваат на приходите од продажба на промотивен и пропаганден материјал;

12. Информации кои се однесуваат на сопствените приходи на политичката партија, на пр. од закупнина на движен и недвижен имот на партијата, камата на депозит депониран во банка, приходи од печатени или други изданија, и др.;

13. Информации кои се однесуваат на приходите од кредит/и, односно финансиски извештај за материјално-финансиско работење на партијата ако обезбедува средства од кредит (посебна жиро сметка);

14. Информации кои се однесуваат на приходите добиени од Министерството за правда за финансирање на партиско истражувачко-аналитички центри (чл.10-а од Закон за финансирање на политичките партии), односно финансиски извештај за материјално-финансиско работење на партиско истражувачко-аналитички центар на партијата (посебна жиро сметка);

15. Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за првите 10 дена од изборна кампања;

16. Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за изборна кампања;

17. Вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборна кампања по одржани избори;

18. Ревизорски извештај од извршената ревизија од страна на Државниот завод за ревизија на финансискиот извештај на политичката партија од изборна кампања по одржани избори;

19. Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а кој е доставен до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во тековната година за претходната година;
Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2021 година.

20. Образец – барање за слободен пристап до информации од јавен карактер и образец за жалба;

21. Информации кои се однесуваат на висината на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација, утврдени од страна на Владата на РСМ, а согласно член 28 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно Одлуката за утврдување надоместок за материјалните трошоци за дадената информација.