Почитувани сограѓани, браќа и сестри,

Во овој светол ден, кога камбаните го најавуваат триумфот на животот над смртта и на светлината над темнината, во името Десница и во мое лично име, ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден!
​Воскресението Христово не е само темел на нашата вера, туку и вечен патоказ за нашата нација. Тоа нè потсетува дека со силна верба, непоколеблив дух и верност кон сопствените корени, секој пораз може да стане победа, а секое искушение – ново раѓање.
Како политичка партија која цврсто стои на браникот на традиционалните вредности, семејството и националното достоинство, веруваме дека токму овие духовни столбови се потребни за силно и вечно постоење на нашата татковина. Велигден е празникот кој нè обединува во надежта дека праведноста и честитоста секогаш го наоѓаат својот пат.
На овој голем ден, да се помолиме за силни семејства, како јадро на нашето општество и единство на македонскиот народ, каде и да се наоѓа!

Нека празничната радост ги исполни вашите домови со здравје, спокој и благосостојба. Да ги чуваме нашите обичаи и да ја пренесуваме светлината на Воскресението на идните поколенија.

​​Христос Воскресе! Навистина Воскресе!

Нека ни е вечен Велигден и вечна Македонија!

Почитувани граѓани,
Во оваа свечена година, кога одбележуваме 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, со гордост и благодарност им оддаваме почит на генерациите што го негуваа, развиваа и чуваа македонскиот јазик. Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет и државност – симбол на нашата истрајност, култура и заедништво.
Заедно посилно да го чуваме и унапредуваме македонскиот јазик, за идните генерации да го наследат како богатство и инспирација.
Среќни 80 години македонски јазик!

Почитувани граѓани,
На 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатуваме искрени честитки до сите работници, трудбеници и граѓани кои со својот труд, знаење и посветеност придонесуваат за подобра иднина на нашата држава. Овој ден е симбол на борбата за работнички права, поправеден однос и достоинствен живот за сите.
Да се потсетиме и да им оддадеме признание на сите кои се залагаат за фер услови, солидарност и социјална правда. Заедно ќе се бориме за подобри работнички права и економски политики кои ќе обезбедат сигурност и достоинство за секое семејство.
Честит 1 Мај – Денот на трудот!