И со денешните десет гласови „за“ и седум „против“ на Собраниската Комисија за уставни прашања која го изгласа натамошното разгледување на предлогот за уставни измени, власта по кој знае кој пат покажува сила и непочитување на мислењето и ставот на мнозинството на македонски граѓани кои се против ваквите уставни измени.
Овој собраниски состав нема мандат од граѓаните за промена на Уставот, па затоа на Македонија итно и се потребни предвремени парламентарни избори каде партиите во своите изборни програми треба да стават дали, кога, во кој дел и зошто би го менувале Уставот?!
Со уставните измени, кои сега се туркаат насилно, само ќе се отворат нови прашања, а досегашните проблеми ќе се продлабочат. Во ЕУ не влегуваме поради неуспешните и несериозни владини политики и ,,битки“ со криминал и корупција, а не поради барањата на Бугарија!
Десница смета дека членството во ЕУ е во интерес на Македонија, но не по цена на туѓи интереси и уцени, а на наша штета. А прашање е и дали ЕУ сака Македонија да стане дел од нејзиното семејство?!
Десница, и покрај тоа што не е дел од Собранието, останува категорично против било какво менување на Уставот на Македонија во насока на нанесување огромна штета

Десница не може да прифати инволвирање на малолетни лица во незрели и непромислени процеси ставени во закон. Уште повеќе што се однесуваат на нивната полова определба која впрочем е нивниот живот, иднина, па и судбина. А истите според предлог законските прописи и не се ниту избор, ниту волја на малолетните лица. Македонија не може овој процес да го преслика од Западно европските земји набрзина и насилно, за ова е потребно време и нашето општество кога ќе биде подготвено треба природно да го изоди патот на вакви промени и прифаќање. Десница го поздравува повлекувањето на спорните закони и порачува со тоа да заврши процедурата за нивно понатамошно модифицирање и повторно носење.

ДЕСНИЦА ги повикува институциите да бидат професионални, принципиелни и експедитивни со Таравари како и со останатите граѓани кои го вееле старото историско македонско знаме! Па така очекуваме да го посетат и потсетат Таравари дека е македонски градоначалник и коалиционен партнер во Владата на Македонија кој прима плата од македонскиот буџет благодарение на платените даноци на македонските граѓани! Не само што парадира со знаме на туѓа држава, туку македонското државно знаме го ,,изгубил" во суетата и национализмот, а заборавил и дека македонскиот јазик е ПРВ службен јазик на целата територија и дрско покажува дека не ја сака и почитува Македонија! Очекуваме институциите да постапат согласно законските прописи и да го санкционираат ова самоволие и насилие и да покаже дека законите важат за сите.
ДЕСНИЦА прашува дали Владата и институциите функционираат исклучиво само против старото историско македонско знаме?

ДЕСНИЦА го прашува Mинистерот за здравство: Зошто само за граѓаните на Косово и Албанија изедначување на цените на здравствените услуги, а не и за тие на Грција, Бугарија и Србија? По кој критериум граѓани на едни соседи ги фаворизира во однос на други? Има многу граѓани и од другите соседни држави кои користат здравствени услуги во Македонија. Зошто да не важи и за нив изедначувањето на цените на здравствените услуги? И зошто воопшто да бидат изедначени?! Здравството го одржуваат и финансираат македонски компании и граѓани преку придонеси и даноци! Дали Министерот за здравство заборави на кои граѓани им служи и на кој држава? Да го потсетиме- на македонските граѓани и треба да работи да им ги подобри здравствените услуги и цени на тие што го финансираат и што придонесуваат, особено во услови на намален животен стандард, а не да крати од финансиските средства кои доаѓаат дополнително од надвор.

Да истакнуваш туѓо и само туѓо знаме, наместо своето државно 🇲🇰 на јавен настап, а воедно извршуваше државна јавна функција, не е ништо друго освен дрско, насилно, нецивилизирано однесување со цел провокација и ширење национализам! Ова е класично непочитување на систем, закони и држава во која и од која живеат! И после треба да веруваме дека се грижат за Македонија и нејзината иднина? Повеќе од очигледно е дека СДСМ нема авторитет во Владата која во моментов не се грижи за македонските интереси и спроведување на законските прописи!?