Прагот од 5% кој го предлага ДУИ, не е во функција да се обезбеди политичка стабилност, туку да си обезбеди сигурна и вечна власт. Тоа е единствената причина шт оваа партија инсистира на услови кои се невозможни за поголем дел од партиите.
ДЕСНИЦА дава поддршка на предлогот за една изборна единица без изборен праг.
СДСМи ВМРО-ДПМНЕ еднаш мора да застанат со лицемерните политики кон исполнување на овој услов и да дадат целосна и искрена подршка со реализација на измената на изборниот модел, односно Македонија да биде една изборна единица
без консензус, односно без т.н.изборен праг.
Моделот на една изборна единица е праведен и правичен и е одраз на вистинска демократија и на избори само би се отсликала реалната волја на гласачите.
Со сегашниот модел СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги одземаат гласовите на помалите политички партии. Впрочеми Американската амбасада и Европската делегација и
во минатотодадоа позитивно мислење и поддршка за ваквите измени.
За каква политичка нестабилност зборува претставникот на ДУИ доколку се почитува волјата на секој граѓанин на Македонија без проценти?! Ниту демократијата, ниту граѓаните, ниту државата не смеат да бидат заложник на неколку политички партии. А СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се ослободат од заложништовото на ДУИ и да не го одземаат правото на застапување и претставување во македонскиот законодавен дом на секој еден граѓанин кој сака да гласа и ќе гласа!