ДЕСНИЦА ги осудува вчерашните постапки, особено со македонското државно знаме од страна на лицата кои очигледно немаат почит кон Македонија, државата во која живеат. Имајќи во предвид дека секоја прослава од ваков тип поминува со инциденти на национална основа, Десница смета дека Владата требало да го предвиди и процени безбедносниот ризик, и соодветно, превентивно да делувала. Секоја реактивна реакција се задоцнета. Затоа Десница бара целосно почитување на законските прописи, поголемо полициско обезбесување при вакви предвидливи немили настани, како и одговорност од организаторите на настаните. Доколку сакаме мир и стабилност и добри меѓунационални односи, треба да се прифати и одговорност и секое скрвнавење на македонски национален симбол, строго да се осуди од секој кој живее и и посакува добро на Македонија.