
Честит 1 Мај – Денот на трудот!
Почитувани граѓани,
На 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатуваме искрени честитки до сите работници, трудбеници и граѓани кои со својот труд, знаење и посветеност придонесуваат за подобра иднина на нашата држава. Овој ден е симбол на борбата за работнички права, поправеден однос и достоинствен живот за сите.
Да се потсетиме и да им оддадеме признание на сите кои се залагаат за фер услови, солидарност и социјална правда. Заедно ќе се бориме за подобри работнички права и економски политики кои ќе обезбедат сигурност и достоинство за секое семејство.
Честит 1 Мај – Денот на трудот!
Христос Воскресна!
Во духот на Велигден, ви посакуваме здравје, духовен мир и сплотеност. Нека љубовта, добрата мисла и заедништвото бидат водилка во секојдневието, а светлината на Христовото воскресение да донесе надеж и напредок за сите. Христос воскресна – навистина воскресна! За многу години!

8 Април, се одбележува Меѓународниот ден на Ромите
Денес, на 8 Април, се одбележува Меѓународниот ден на Ромите – ден кој нè потсетува на богатството на ромската култура, историја и традиции, но и на предизвиците со кои оваа заедница се соочува. Овој ден е симбол на борбата за еднаквост, правичност и социјална правда, вредности кои мора да бидат темел на секое демократско општество.
Ромската заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно општество. Нивниот придонес во културниот и општествениот живот на нашата земја е значаен и вреден за почит. Но, истовремено, мора да бидеме свесни дека многу припадници на ромската заедница сè уште се соочуваат со дискриминација, сиромаштија и ограничени можности за образование, вработување и здравствена заштита.
Нека 8 Април биде потсетник дека само преку единство и меѓусебна почит можеме да изградиме општество каде секој има право да ги оствари своите потенцијали. Заедно да продолжиме да работиме за иднина во која различностите нè зближуваат, а не нè делат.
Честит Меѓународен ден на Ромите!
Светски ден за подигање на свеста за аутизмот
Наша задача е да обезбедиме рамноправен пристап до образование, здравствена грижа и социјална инклузија за лицата со аутизам! Државните институции мора да вложуваат во рана дијагностика, специјализирани програми и поддршка за семејствата! Само така ќе создадеме општество каде секој има право на достоинствен живот!
Да продолжиме да градиме мостови на разбирање и солидарност! Аутизмот не е пречка, туку можност за сите нас да покажеме човечност и одговорност!



