Пред точно 80 години на 11 март 7.144 македонски Евреи од тогашната бугарска војска сојузник на фашистичкиот окупатор, биле депортирани во логорот на смртта Треблинка во Полска и ниту еден од нив за жал не преживеал. Со длабока почит кон македонските Евреи жртви на овој суров и нечовечен чин, Претседателката на Десница, Билјана Јовановска со делегација, положија свежо цвеќе и камчиња на споменикот изграден во поранешен скопски Монопол, подоцна Тутунски комбинат. Ова било местото на злосторот од каде 7.144 македонските Евреи, деца, жени, мажи од Скопје, Битола и Штип биле качени во вагони и испратени во сурова смрт. Извршениот геноцид на околу 6 милиони Евреи за време на втората светска војна треба да остане врежан во колективната меморија како нешто што не смее никогаш и никаде да се повтори, ниту да се заборави. Но дали човештвото извлече поука од ова, дали светот стана подобро место за живеење, или истото се повторува само на поинаков начин, во поинакви форми ?!

     

"Господе еве ти вино и ракија, а ти дај ни убаво и квалитетно грозје да јадеме и богат род вино и ракија да правиме. Бериќетна да ни е годината, да тежи од род!"
Десница го одбележа денешниот празник со посета на манастирот Свети Трифун во скопско Говрлево и закројување лози во Горно Соње.
За многу години Свети Трифун!
 
desnica delcevПо повод одбележувањето на 151 година од раѓањето на македонскиот великан, Гоце Делчев, Претседателката на Десница Билјана Јовановска со делегација од партијата Десница го посетија неговото вечно почивалиште во цркавата Свети Спас во Скопје и оддадоа почит.  
Гоце Делчев со своите заложби и дела даде голема жртва и непроценлив придонес за добробит на сите минати, сегашни и идни генерации на Македонија. 
За жал, ова не е Македонија која тој ја замислуваше и далеку сме од неговите визии за кои се бореше!
Нека му е вечна слава.

Продолжуваме сами и ребрендирани како ДЕСНИЦА, против одлуки и политики кои се штетни за државата и граѓаните 

 

Десница изразува длабоко жалење за загубените животи во катастрофалната несреќа што утрово ја погоди Република Турција. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на починатите. Лесно и брзо закрепнување им посакуваме на повредените.
Нема зборови кои би дале утеха за оваа несреќа и страдање. Да не се повтори!