И после 120 години од Илинденското востание Македонија се уште е во борба за своето постоење. Аманетот од илинденците да го сочуваме ова парче земја од Бога благословено, трае и денес. Да не дозволиме македонскиот оган да згасне, туку напротив да дадеме се од себе македонското сонце силно да ги грее и идните наши генерации. Честит и вековит нека е Илинден! Да си вечна и благословена Македонијо!
Утрото на 26 јули 1963 година требаше да биде како и секое друго утро за скопјани. Но, природата реши тој ден во 5.17 да ја истури сета своја сила врз Скопје и засекогаш да го промени животот и изгледот на Скопје и скопјани.
Во знак на сеќавање на загинатите во разорниот земјотрес, Десница ги повикува сите граѓани како и досега, така и во иднина да продолжат со својата солидарност и да учествуваат во сите хуманитарни акции, вклучително и на традиционалната крводарителна акција во организација на Црвениот Крст, која се одржува во ,,Даре Џамбаз,, од 09 до 17 часот.
Десница не може да прифати инволвирање на малолетни лица во незрели и непромислени процеси ставени во закон. Уште повеќе што се однесуваат на нивната полова определба која впрочем е нивниот живот, иднина, па и судбина. А истите според предлог законските прописи и не се ниту избор, ниту волја на малолетните лица. Македонија не може овој процес да го преслика од Западно европските земји набрзина и насилно, за ова е потребно време и нашето општество кога ќе биде подготвено треба природно да го изоди патот на вакви промени и прифаќање. Десница го поздравува повлекувањето на спорните закони и порачува со тоа да заврши процедурата за нивно понатамошно модифицирање и повторно носење.
Да истакнуваш туѓо и само туѓо знаме, наместо своето државно 🇲🇰 на јавен настап, а воедно извршуваше државна јавна функција, не е ништо друго освен дрско, насилно, нецивилизирано однесување со цел провокација и ширење национализам! Ова е класично непочитување на систем, закони и држава во која и од која живеат! И после треба да веруваме дека се грижат за Македонија и нејзината иднина? Повеќе од очигледно е дека СДСМ нема авторитет во Владата која во моментов не се грижи за македонските интереси и спроведување на законските прописи!?
И со денешните десет гласови „за“ и седум „против“ на Собраниската Комисија за уставни прашања која го изгласа натамошното разгледување на предлогот за уставни измени, власта по кој знае кој пат покажува сила и непочитување на мислењето и ставот на мнозинството на македонски граѓани кои се против ваквите уставни измени.
Овој собраниски состав нема мандат од граѓаните за промена на Уставот, па затоа на Македонија итно и се потребни предвремени парламентарни избори каде партиите во своите изборни програми треба да стават дали, кога, во кој дел и зошто би го менувале Уставот?!
Со уставните измени, кои сега се туркаат насилно, само ќе се отворат нови прашања, а досегашните проблеми ќе се продлабочат. Во ЕУ не влегуваме поради неуспешните и несериозни владини политики и ,,битки“ со криминал и корупција, а не поради барањата на Бугарија!
Десница смета дека членството во ЕУ е во интерес на Македонија, но не по цена на туѓи интереси и уцени, а на наша штета. А прашање е и дали ЕУ сака Македонија да стане дел од нејзиното семејство?!
Десница, и покрај тоа што не е дел од Собранието, останува категорично против било какво менување на Уставот на Македонија во насока на нанесување огромна штета